Циклон кабините се уреди каде што се врши електростатско
нанесување на прашкаста боја на предметот што се третира.
Како составен дел на секоја кабина има и соодветен циклон
кој врши високоефективно отпрашување, и филтер единица
составена од специјални антистатик филтри.
Задачата на секоја кабина е да овозможи рационално
користење на бојата, без губитоци и загадување на човековата
околина, односно вишокот на боја која не се задржала на
предметот што се третира (околу 40%), го доведе до циклонот
и филтер еди ницата каде се врши негово собирање.
Овие кабини се високо ефективни и имаат искористување на
бојата од 99%, која со просејување се враќа назад на повторна
употреба.
ЦИКЛОН КАБИНИ ЗА РАЧНО
И АВТОМАТСКО
ЕЛЕКТРОСТАТСКО БОЈАДИСУВАЊЕ
Соодветната вентилација (5000 m3/h - 13000 m3/h) гарантира работа без заштитна облека
и без заштитна маска. Протокот на вентилаторите се регулира со соодветен регулатор на
бројот на вртежи. Циклон кабините може да бидат изведени како затворени или проточни.
Опремени се со соодветно осветлување, а по потреба може да се вгради и електророти -
рачки носач со регулација на бројот на вртежи, што е посебно погодно за фарбање на
ротирачки елементи (столови, масички ...).
Филтер единицата е составена
од 6 антистатик филтри со
димензии од ф250 х 1800 mm,
до ф300 х 2000 mm. Овие
специјални филтри се со
коефициент на отпрашување
од 99,9%.
Кабините се изработуваат во сите димензии и форми, во
зависност од потребите и можностите. Како основни димензии
се следните:
- K-2 (2000x1800x900 mm)
- K-3 (2500x2000x900 mm)
- K4 (3000x2200x1200 mm)
- Дуплекс кабина со две работни места (4000x2200x1200 mm)
- K-22 (кабина за фарбање во 2 бои - 2000x1800x900 mm)
Овој тип на циклон кабини се употребува за фарбање на
поголеми серии. Отпрашувањето во овие кабини се решава
со два или повеќе циклони, и исто толку филтер единици,
така да коефициентот на искористување се движи до 99%.
Обично се изработуваат со четири работни места, од кои
две работни места се наменети за роботи со соодветен број
на пиштоли, и две работни места се наменети за рачно
корегирање на нанесениот слој.
Конструирани се во комбинација од челични профили
инокс елементи и антистатички материјали, кои овозможу-
ваат брзо и лесно чистење и спречува лепење на честички
прав на внатрешноста на самата кабина.
Проточни кабини за работа со рачни или автоматски
електростатски уреди - роботи
Термостил ДООЕЛ
2314, Блатец, Виница
Р. Македонија
тел. +389 (0)71 331 066